Два гиганти веќе му испратиле понуда на Емилијано Мартинез!

May 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Два гиганти веќе му испратиле понуда на Емилијано Мартинез!

Емилијано Мартинез се збогуваше со навивачите на Астон Вила и според сè, следната сезона ќе брани за нов клуб. Според медиумите од Шпанија, аргентинскиот голман има конкретни понуди од два големи европски гиганти – Барселона и Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ се размислува за промена на голманската позиција. Онана има несигурна сезона со многу грешки, па раководството на Јунајтед веќе разгледува опции за нов прв голман, а Мартинез се појавува како сериозен кандидат. Слична ситуација е и кај Барселона. Не е сигурно на кое ниво Тер Штеген ќе брани по повредата, а најверојатно ќе замине Шчесни, кој беше ангажиран привремено. Затоа и Каталонците покажуваат интерес за Мартинез, кој е меѓу најдобрите голмани во светот во последниве години. Во наредниот период се очекува Мартинез да донесе одлука за својата иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.