March 19, 2025 | | Свет
Реал Мадрид има голема амбиција следната сезона да го доведе младиот стратег Чаби Алонсо на клупата. Шпанецот, кој направи историски успех со Баер Леверкузен, го привлече вниманието на европските гиганти со својата одлична работа во Германија. „Кралевите“ внимателно го следат својот поранешен играч и сакаат да го убедат да го наследи Карло Анчелоти, кој би можел да замине налето. Според медиумите, Алонсо веќе бил контактиран од Реал и поставил одредени барања, меѓу кои целосна контрола врз трансферите и составувањето на тимот. Доколку тој стане тренер на Реал, одредени играчи ќе бидат надвор од плановите. Наводно, Орелиен Чуамени и Ферланд Менди не се вклопуваат во неговата визија за тимот. Медиумите претходно пренесоа дека Анчелоти ќе замине од Реал Мадрид ако не освои еден од двата важни трофеи (Ла Лига или Лига на шампиони).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |