March 4, 2025 | | Свет
Нејмар повторно блеска откако се врати во Сантос, а неговата форма ги разбуди шпекулациите за можна преселба назад во Барселона ова лето. Во седум натпревари веќе има три гола и три асистенции, што дополнително ги засили тие најави. Сепак, според реномираните шпански медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, вакво сценарио не изгледа реално. Каталонскиот „Спорт“ претходно тврдеше дека Барселона ќе размисли за Нејмар само доколку постигне 15 гола, но сега нагласува дека Ханси Флик има сомнежи во неговата физичка подготвеност. Дополнително, „Мундо Депортиво“ наведува дека спортскиот директор на Барселона не е убеден во исправноста на таквиот потег. Наместо тоа, клубот гледа како пореална опција да ангажира Александар Исак од Њукасл или Луис Дијаз од Ливерпул. Флик, исто така, верува дека 33-годишниот Бразилец не се вклопува во плановите за подмладување на тимот. Финансискиот аспект е уште една голема пречка, бидејќи Барселона моментално фокусирана е на склучување долгорочни договори со своите играчи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |