Двоен удар на Мусовски – Сиетл го прегази ЛА Галакси (ВИДЕО)

August 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Двоен удар на Мусовски – Сиетл го прегази ЛА Галакси (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Дени Мусовски повторно блеска на американските фудбалски терени, продолжувајќи ја својата одлична форма во МЛС лигата. Во натпреварот против ЛА Галакси, неговиот Сиетл Саундерс оствари убедлива победа од 0-4 на гостински терен, а токму Мусовски беше главната ѕвезда на дуелот. Тој се погрижи да го скрши отпорот на домаќините со погодок во 37. минута, со кој зголеми на 0-2, а потоа во 54. минута повторно ја затресе мрежата, носејќи им сигурна предност од 0-3. Со тоа, македонскиот репрезентативец практично го заклучи прашањето околу победникот. Овие два погодоци не се само важни за тимот, туку и за неговата лична статистика. Со нив Мусовски стигна до импресивни 10 голови во сезоната, по 26 одиграни кола, со што се наметнува како еден од клучните играчи на Сиетл и сериозен кандидат за место во најдобриот состав на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.