Ѕвездите на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал „збеснаа“ по најпосакуваната жена во САД

August 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ѕвездите на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал „збеснаа“ по најпосакуваната жена во САД

Холивудската актерка Сидни Свини, ѕвездата на сериите „Еуфорија“ и „Бел лотос“, стана цел на бројни пораки од познати фудбалери и јавни личности, пренесува британскиот таблоид „Сан“. Според истиот извор, најголемиот интерес доаѓа од ѕвезди на врвни англиски клубови како Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал. Интересот драматично се зголемил откако 26-годишната актерка ја прекина свршувачката со бизнисменот Џонатан Давино, со кого беше во врска од 2018 година и со кого заедно продуцираше неколку проекти. Двојката се сврши во 2022 година, но венчавката беше откажана. „Сидни постојано добива понуди за состаноци, патувања во Европа и подароци. Некои дури се обиделе да ѝ ја пронајдат домашната адреса за да ѝ испратат цвеќе, но таа секогаш одбива,“ открил извор близок до актерката. Сепак, фудбалерите не се единствените што ја контактираат – Свини наводно прима и над сто пораки месечно од милионери, познати личности и бизнисмени од Азија и Блискиот Исток. Со вакво внимание, Сидни Свини се етаблира како една од најпосакуваните жени во САД, заедно со поп-иконата Мадона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.