June 3, 2024 | | Свет
Според пишувањата на германски „Bild“ дошло до конфликт меѓу дефанзивецот Матс Хумелс и тренерот Един Терзиќ, а причината за тоа е разлика во нивните ставови околу тактиката и пристапот, а конфликтот настана уште пред финалето со Реал Мадрид.
Договорот на Хумелс истекува на крајот од сезоната а договорот на Терзиќ догодина.
Воедно, Хумелс веќе има 35 години па прашање е до кога би можел да игра на високо ниво. Тој беше еден од клучните играчи на Дортмунд на патот до финалето во Лигата на шампиони.
Матс размислува за две опции, останување во Дортмунд или друг клуб во Европа.
Што се однесува до Терзиќ, тој беше и технички директор во Дортмунд, претходно имаше кратка етапа пак како нивни тренер од шест месеци, а беше и привремен тренер, како и асистент во други наврати.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |