Еден играч во клубот за Анчелоти е незаменлив

October 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Еден играч во клубот за Анчелоти е незаменлив

Иако во клубот има ѕвезди како Мбапе, Винисиус, Родриго или Белингем, сепак Реал Мадрид смета дека има еден играч за кој не би слушале ниту една понуда. Станува збор за Федерико Валверде кој е многу ценет во клубот и за кој Анчелоти има позитивно мислење. „Клубот го смета Валверде за незаменилив. Постои голем интерес за него од други европски клубови, но не постои сума за која Реал би го продал“, објави мадридски „AS“. Според „Transfermarkt“ тој вреди 130 милиони евра. Станува збор за огромен работник на теренот кој придонесува и во нападот и во дефанзивата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.