Еден од главните луѓе во Баерн удри по Барса: Тие се пример што не треба да се следи

September 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Еден од главните луѓе во Баерн удри по Барса: Тие се пример што не треба да се следи

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, ја искористи Барселона како негативен пример кога станува збор за трансфер политиката и финансиското управување. Хенес истакна дека германскиот шампион мора да биде внимателен во преодните рокови и да избегне неконтролирано трошење кое може да ја загрози стабилноста на клубот. „Одлучивме да немаме нови постојани засилувања по пристигнувањето на Диаз, затоа што мораме да внимаваме на финансиската ситуација“, изјави Хенес. Тој додаде: „Барселона е најдобар пример за тоа што се случува ако постојано купувате – на крајот ќе завршите со долг од 1,2 милијарди долари и ќе бидете врзани раце.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.