September 24, 2024 | | Свет
Според информациите на „L'Equipe“, настанал првиот огромен проблем со доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Очигледно, не се сите среќни поради трансферот на Французинот. Наводно, овој медиум тврди дека се појавил првиот играч во Реал кого Мбапе некако почнал да го нервира, а тоа е Родриго. „Се чини дека Родриго почнува да се нервира, а главна причина за ова е Мбапе“, пишува L’Equipe. Причината наводно е фактот што Французинот има предност во стартниот состав. Против Реал Сосиседад, Родриго почна од клупата, но поради повредата од Брахим Дијаз, тој влезе порано. Ваквиот статус би можел да го натера Родриго да почне да размислува за промена на средината бидејќи очигледно е дека Мбапе и Винисиус секогаш ќе играат пред него.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |