May 1, 2025 | | Свет
Реал Мадрид може да се соочи со значителен удар во летниот преоден рок, откако се појавија информации дека Родриго размислува за заминување од клубот. Според шпанскиот весник „Марка“, бразилскиот напаѓач е разочаран од својот статус кај „кралевите“ и чувствува дека не ја добива потребната почит и вреднување. Родриго, кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2019 година како големо засилување, во изминатите сезони повеќепати се покажал како клучен играч, постигнувајќи решавачки голови во најважните моменти. Сепак, и покрај неговите придонеси, секогаш останува во сенка на соиграчите, најпрво на Винициус Жуниор, а сега и на најновото засилување, Килијан Мбапе. Извори блиски до играчот тврдат дека Родриго веќе донел одлука, сака нова средина каде што ќе биде водечка фигура и ќе има централна улога во тимот. Според „Марка“, тој е фрустриран од фактот што медиумското и клубското внимание постојано е насочено кон Винициус, Мбапе и Џуд Белингем, додека неговите заслуги често остануваат во втор план. Со оглед на неговите квалитети и младоста, интерес од големи европски клубови не недостига. Летово, трансферот на Родриго би можел да биде една од главните приказни на пазарот, а Реал ќе мора да одлучи дали ќе се обиде да го задржи или ќе се раздели со уште еден бразилски бисер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |