Една работа особено му се допаднала на Де Лихт додека преговарал со Јунајтед!

August 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Една работа особено му се допаднала на Де Лихт додека преговарал со Јунајтед!

Де Лихт вчера и официјално беше потврден како нов фудбалер на Манчестер Јунајтед заедно со Мазрауи со кого дојдоа од Баерн Минхен. Холанѓанецот е возбуден за новиот предизвик, а голема улога за да прифати да дојде во Англија е повторно да соработува со Тен Хаг со кого беа заедно во Ајакс, но и планот и визијата кои му ги претставиле луѓето од новото сопствеништво преводено од Сир Џим Ретклиф. „Во моментот кога слушнав дека ме сака Манчестер Јунајтед, почувствував голема возбуда. Знаев дека ми се нуди шанса во историски клуб кој секогаш поставува големи цели. Во разговорите кои следеа, останав импресиониран од визијата која ја има новото сопствеништво на клубот. Импресиониран сум и од улогата која ја имаат замислено за мене“, рече тој. Тој ќе го носи бројот четири во Јунајтед, а што се однесува до висината на трансферот, истиот ќе изнесува 45 милиони евра фиксни и пет во бонуси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.