June 25, 2025 | | Свет
По крајот на Светското клупско првенство, Лука Модриќ ќе стане нов фудбалер на Милан, потврди новиот спортски директор на „росонерите“, Игли Таре, ставајќи крај на сите шпекулации – трансферот е завршена работа. Во ексклузивна изјава, Таре откри дел од разговорот со легендата на Реал Мадрид. „Разговарав со Лука, видов човек со неверојатна мотивација. И покрај возраста, покажа огромна желба да остане компетитивен. Тоа е токму она што ни треба – лидер кој може да влијае на помладите, да донесе менталитет на победник.“ Модриќ, кој во кариерата има освоено речиси сè, поставил едно суштинско прашање – дали Милан ќе биде конкурентен идната сезона. „Тој веднаш праша: Ќе бидеме ли конкурентни? Тоа ми кажа сè. Освоил шест ЛШ титули, а и понатаму сака да биде лидер. Со него ќе добиеме професионалец што го живее фудбалот“, вели Таре. Дополнителен момент на магија на овој трансфер му дава фактот што Модриќ отсекогаш бил навивач на Милан – па враќањето во Италија, овојпат во црвено-црно, е не само стратегија, туку и исполнување на детски сон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |