Екс ѕвездата на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се „маскираше“ за да го гледа својот тим

December 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Екс ѕвездата на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се „маскираше“ за да го гледа својот тим

При посетата на стадионот Боларт-Делели, поранешниот француски репрезентативец Рафел Варан се маскираше, за да го следи мечот помеѓу неговиот матичен клуб Ленс и ПСЖ. За да избегне непријатни ситуации со навивачи кои бараат автограми и фотографии, Варан се одлучи да се маскира. Носеше капа и шал во боите на Ленс, што му помогна да остане незабележан на централната трибина. Иако на почетокот не беше препознат, официјалниот Твитер профил на Ленс објави фотографија на поранешниот дефанзивец, која тој ја сподели на својот профил, потврдувајќи дека е тој на сликата. Варан ја започна својата кариера токму во Ленс, каде одигра само 24 натпревари на сениорско ниво, пред да замине во Реал Мадрид. Потоа играше за Манчестер Јунајтед, а на крајот премина во Комо како слободен играч. Сепак, не се задржа долго во италијанскиот клуб поради проблеми со повреди и оваа година ја заврши својата кариера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.