Екс-фудбалерот со тврдење: „Салах заминува и ќе заработува повеќе од Роналдо“

September 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Екс-фудбалерот со тврдење: „Салах заминува и ќе заработува повеќе од Роналдо“

Поранешниот фудбалер на Астон Вила Габриел Агбонлахор вели дека Мохамед Салах ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул и дека ќе игра во Саудиска Арабија. Тој воедно тврди дека Салах ќе добие и рекорден договор. Во медиумите имаше информации дека Ливерпул претходно одбил понуда од Саудиска Арабаија за Салах од околу 100 милиони евра. Агбонлахор тврди дека крилниот напаѓач ќе заработува повеќе дури и од Роналдо. „Знам дека Салах заминува на крајот од сезоната. Мојот извор ми откри дека Салах дефинитивно наредното лето се сели во Саудиска Арабија за рекорден договор. Ќе заработува повеќе од Кристијано Роналдо, освен тоа ќе стане и заштитно лице за фудбалот во оваа земја. Не можете тоа да го одбиете ако сте Мо Салах. Со Ливерпул направи се, зарем не? Ако сакаше да остане досега ќе потпишеше нов договор“, изјави Агбонлахор за „talkSPORT“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.