September 23, 2024 | | Свет
Сезоната на Тер Штеген е готова откако го повреди коленото при еден доскок против Виљареал. Тој ќе биде надвор од терените околу осум месеци, а Барселона ќе има можност да донесе засилување на негово место бидејќи се работи за тешка повреда, но само голман кој е слободен агент и истиот ќе може да брани само во Ла Лига. Во моментов нема многу опции на пазарот, а како една од опциите се наметнува Костариканецот Кејлор Навас кој има огромно искуство и кој порано бранеше за Реал Мадрид и таму помина пет години. Тој е без клуб откако во мај го напушти Пари Сен Жермен. За Реал Мадрид одигра 162 натпревари и клубот го напушти по доаѓањето на Тибо Куртоа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |