Екс играч на Баерн доживеа мозочна смрт, лекарите размислуваат да го исклучат од апарати

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Екс играч на Баерн доживеа мозочна смрт, лекарите размислуваат да го исклучат од апарати

Младиот кинески фудбалер Жуо Џиншајн, кој своевремено беше дел од Баерн Минхен во рамки на еден интернационален проект, доживеа страшна несреќа за време на тренинг меч во Шпанија. Додека неговиот тим Биџи Гуан играше против Алкобендес, противнички играч го удрил Жуо со колено во лицето. Овој удар се покажал како кобен – младиот фудбалер веднаш бил пренесен во болница, но лекарите утврдиле дека има сериозни повреди на мозокот и минимални шанси за преживување. „Од преведувачот во болницата разбрав дека докторот констатирал дека мојот брат има премногу крварења во главата и дека шансите да преживее се многу мали. Болницата планира да ги исклучи апаратите кои го одржуваат во живот“, изјави неговиот брат. Кинеските медиуми известуваат дека семејството на Жуо планира да го тужи кинескиот фудбалски сојуз, бидејќи играчите не биле осигурани, а трошоците за неговото лекување нема да бидат покриени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.