Екс играчот на Челси: Изненаден ќе бидам ако Тен Хаг остане до Божиќ во Јунајтед

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Екс играчот на Челси: Изненаден ќе бидам ако Тен Хаг остане до Божиќ во Јунајтед

Манчестер Јунајтед денеска од 15 часот го очекува тешко гостување кај Астон Вила. Некои информации во медиумите зборуваат дека ако денеска тимот на Тен Хаг претрпе пораз, може веднаш да добие отказ. Јунајтед веќе има три порази во Премиер лигата, а имаат и два нерешени резултати во Лигата на Европа. Ситуацијата на Тен Хаг ја коментираше и поранешниот играч на Челси Џо Кол. „Мислам дека денеска Астон Вила ќе издвои победа. Мислам дека ова може да биде крај на патот за него. За нас коментаторите не е добро да зборуваме, но тоа е дел од животот како менаџер. Можам да видам каде сака да оди Јунајтед, како и тој. Сепак, ќе бидам изненаден да го видам во нивниот клуб за Божиќ“, рече Кол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.