Екс-играчот за играта на Реал: Не е само Мбапе проблемот

October 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Екс-играчот за играта на Реал: Не е само Мбапе проблемот

Иако победува, играта на Реал Мадрид во моментов е под секое ниво и покрај огромниот број на ѕвезди во тимот. Многумина сметаат дека проблемот е во новото засилување Килијан Мбапе, но поранешниот играч на Реал Мадрид и Барселона Бернд Шустер смета дека целиот тим треба да се прилагоди на Мбапе, но го посочи и тоа што Тони Крос не е дел од тимот. „Понекогаш доаѓаат играчи со голема квалитет како Мбапе и се менува цел систем. Има ситуации кога тимот веднаш се адаптира, но некогаш е потребно време. Кога е во прашање Килијан, мислам дека е прашање само на време. Целиот тим треба да се промени малку поради него, треба да се прилагоди на неговата игра. Не треба да се адаптира само Мбапе, треба да се адаптира цел тим. Не може да биде проблемот само еден играч. Сметам дека тимот беше и многу зависен од Крос, па тоа е уште еден проблем. Нема играч како него, тој нема да се повтори. Одбележа една ера во Реал Мадрид со начинот на кој играше и на кој го диктираше средниот ред. Цврстината која ја носеше во средината не може да се замени, нема ниту еден играч со негови карактеристики во актуелниот тим на Реал. Клубот мора да најде начин како да игра добро и без него“, рече Шустер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.