September 9, 2024 | | Свет
Кристијано Роналдо пред неколку дена прослави огромен јубилеј, а тоа се 900 постигнати голови во кариерата. Според поранешниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор, времето на Кристијано Роналдо е поминато. Тој вели дека доказ за тоа е што веќе две години настапува во првенството на Саудиска Арабија кое е многу далеку од елитниот европски фудбал. „На Европското првенство не направи ништо, тоа не смееме да го заборавиме. Веројатно само ги спречи останатите да играат добро, а тоа скапо ја чинеше Португалија. Неговото време е поминато, го нема повеќе она потребното за да игра на највисоко ниво. Постои причина зошто игра во Саудиска Арабија, а не во Манчестер, Реал или на друго место во Европа“, смета Агбонлахор. Воедно, тој е уверен дека Роналдо нема да ја заврши својата богата кариера пред Светското првенство во 2026 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |