„Ел Класико“ со вкус на титула: Барса го брани врвот, Реал нема право на грешка

May 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Ел Класико“ со вкус на титула: Барса го брани врвот, Реал нема право на грешка

Оваа недела на шпанскиот фудбалски календар е резервирана за најголемото дерби, ново издание на „Ел Класико“ кое може да ја реши битката за титулата во Ла Лига. Барселона и Реал Мадрид ќе се судрат на стадионот „Монжуик“ во 16:15 часот, во меч со високи влогови. Барса влегува во натпреварот како лидер со четири бодови предност и уште четири кола до крајот. Победа би значела скоро сигурна шампионска круна, додека Реал Мадрид мора да победи за да остане во трката. Историјата оваа сезона не е на страна на „кралевите“. Каталонците трипати ги победија своите ривали, во Суперкупот, во првенството и во Купот каде ќе сакаат да ја заокружат доминацијата. За Карло Анчелоти, ова би можел да биде последен „Ел Класико“ во кариерата како тренер на Реал, бидејќи се очекува неговото заминување на селекторската функција во Бразил да биде потврдено наскоро. Наследник ќе биде Чаби Алонсо, кој прави чуда со Баер Леверкузен. Барселона пак, по разочарувањето во Лигата на шампионите, бара начин да се врати на вистинскиот пат и има идеална шанса да го направи тоа пред своите навивачи и против најголемиот ривал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.