„Ел Пистолеро“ емотивно се прости од селекцијата, порака испрати и Меси (ВИДЕО)

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Ел Пистолеро“ емотивно се прости од селекцијата, порака испрати и Меси (ВИДЕО)

Луис Суарез и официјално се прости од уругвајската репрезентација. Натпреварот против Паргавај заврши без голови, но сите мисли беа насочени кон простувањето на напаѓачот од селекцијата. На овој натпревар тој дури можеше да постигне и гол во 18. минута, но ја погоди само стативата. Тој одлучи дека е време за крај каде ќе им отстапи место на новите генерации кои треба во иднина да ги прават навивачите горди. Суарез беше испратен на емотивен начин, со сите почести, односно како што му доликува на играч од негов калибар. На простувањето беше прикажано и видео од Лионел Меси, неговиот голем пријател кој испрати голема порака до него. „Здраво дебели…. Сакав да го испратам ова видео во овој специјален ден за тебе, за твоето семејство, за сите луѓе во Уругвај и за фудбалските фанови ширум светот. Ти даде се за твојот национален тим и за твојата земја. Јас бев секогаш на твоја страна и знам колку ти беше тешко да ја донесеш оваа одлука, бидејќи добро знам што ти значи играњето за Уругвај. Ти оставаш големо наследство за денешната генерација и за генерациите кои следат. Ова е крај на многу важна етапа во твојата кариера, но се надевам дека има уште многу за тебе во фудбалот. Среќен сум што повторно играме заедно и што уживаме секој ден. Голема прегратка, те сакам многу“, кажа Меси во пораката до Суарез.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.