Елмас го постигна првенецот, но Торино претрпе пораз (ВИДЕО)

February 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас го постигна првенецот, но Торино претрпе пораз (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, вечерва го постигна својот прв гол за Торино, само неколку недели по трансферот од Лајпциг. Тој го одигра вториот натпревар за „биковите“ и успеа да ја затресе мрежата на Болоња. На гостувањето кај Болоња, Торино имаше водство од 2-1 до 70. минута, но на крајот доживеа пораз со гол примен во самиот финиш. Елмас влезе во игра во 62. минута, а веќе по три минути се запиша меѓу стрелците, потсетувајќи на своите настапи во Серија А со дресот на Наполи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.