Елмас ќе биде награден: Ќе стартува против Милан

February 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас ќе биде награден: Ќе стартува против Милан

Елиф Елмас имаше извонреден деби настап во дресот на Торино, откако само три минути по влегувањето на теренот против Болоња постигна прекрасен гол, носејќи ѝ предност на својата екипа од 1-2. Иако Торино на крајот несреќно загуби со 3-2, Елмас покажа дека ќе биде важен играч за тимот до крајот на сезоната. Последните информации од клубот откриваат дека тренерот Ваноли е импресиониран од неговата посветеност на тренинзите. Сепак, веднаш по натпреварот во Болоња, тој истакна дека македонскиот фудбалер сè уште не е на оптимално физичко ниво. Во обид да го разубеди тренерот, Елмас интензивно работел последните денови, со цел да се наметне како стартер. Во следното коло Торино ќе се соочи со Милан, а Елиф се очекува да заигра на позицијата лев офанзивен играч во формацијата 4-2-3-1, заменувајќи го Карамох. Ова е одлична вест и за македонската репрезентација, која за еден месец го започнува новиот квалификациски циклус. Очигледно е дека Елмас треба да биде во натпреварувачка форма за да ѝ помогне на Македонија во клучните мечеви.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.