Елмас: Не зависи од мене дали ќе останам во Торино

April 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас: Не зависи од мене дали ќе останам во Торино

Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец, сè уште не знае каде ќе ја продолжи својата кариера по завршувањето на актуелната сезона. Иако во моментов настапува како позајмен играч во редовите на Торино, останува неизвесно дали ќе остане таму, ќе се врати во Лајпциг или ќе добие нов предизвик во нов клуб. Вчера Елмас имаше посебен момент, враќајќи се во градот Неапол, каде што со Наполи ги освои Скудетото и Купот на Италија. „Убаво е повторно да се биде тука. Во Наполи и тогаш и сега има фантастични играчи и тренери. Горд сум што со овој клуб освоив Скудето и Купот на Италија. Остануваат уште четири натпревари, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, рече Елмас со емоции. Иако делува дека Елмас е задоволен од времето поминато во Торино, конечната одлука околу неговата иднина не е во негови раце. „Многу сум среќен тука, имаме одличен тим и силен тренер. Но, сè уште е рано за конечни заклучоци. Јас се трудам да дадам сè од себе на секој натпревар, а на крајот ќе одлучуваат претседателите на Торино и Лајпциг“, додаде македонскиот интернационалец.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.