Елмас одбил да премине во Фенербахче

January 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас одбил да премине во Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас би можел да ја започне новата година во нов клуб, со оглед на тоа што добива мала минутажа во германскиот РБ Лајпциг. Сепак, една од потенцијалните дестинации, турскиот Фенербахче, веќе не е опција. Иако се шпекулираше за можен повраток на Елмас во Турција, тоа сценарио е исклучено. Турските медиуми објавија дека преку својот агент, Елмас го информирал раководството на клубот, предводено од Жозе Мурињо, дека не е заинтересиран повторно да облече дресот на Фенербахче. Да потсетиме, Елмас го претставуваше турскиот гигант од 2017 до 2019 година, пред да замине во Италија. Сега, најреалната опција за македонскиот „дијамант“ е трансфер во Фиорентина, клуб кој е решен да го врати во Серија А.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.