Елмас оди на позајмица во јануари, а летото ќе биде продаден

December 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас оди на позајмица во јануари, а летото ќе биде продаден

Ељиф Елмас, македонскиот репрезентативец, се опоравува од повредата и не е во составот на РБ Лајпциг, каде што, иако е дел од тимот, не добиваше скоро никаква минутажа сезонава. Скоро па сигурно во јануари тој ќе замине на позајмица, а потоа ќе следи трансфер во летниот преоден рок. Информациите од Германија откриваат дека за Елмас има голем интерес од Фенербахче, Наполи и два клуба од Серија А, но засега не е познато каде ќе ја заврши тековната сезона. Трансферот во текот на летото се смета за сигурен, бидејќи Елмас не е во плановите на тренерот Марко Розе и добиваше минутажа само во мали количини по неговото пристигнување во Бундеслигата. Елмас ја започна својата кариера во Работнички, а потоа играше за Фенербахче и Наполи, со кој го освои скудетото во сезоната 2022/23.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.