Елмас: Пандев ми рече да потпишам за Торино

February 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас: Пандев ми рече да потпишам за Торино

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас ја искажа својата возбуда за новиот предизвик во Торино, каде што пристигна како позајмен играч од Лајпциг. По завршувањето на сезоната, италијанскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра. Елмас откри дека пресудна улога во неговата одлука имал легендарниот Горан Пандев, кој му препорачал без двоумење да ја прифати понудата. „Веднаш прифатив, бидејќи разговарав со Горан Пандев, кој ми рече без размислување да потпишам. Му благодарам нему и на клубот за топлиот прием. Ќе дадам сè од себе за овој тим со богата историја и фантастични навивачи“, изјави Елмас. Тој додаде дека е подготвен да се стави на располагање на тренерот Ваноли и верува дека тимот има потенцијал за успешен втор дел од сезоната. „Овде владее одлична атмосфера, тимот е составен од квалитетни играчи, а страста на тренерот ја почувствував од првиот момент“, заклучи Елмас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.