Eлмас повторно го облече дресот на Наполи (ФОТО)

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Eлмас повторно го облече дресот на Наполи (ФОТО)

Потврдата за преселбата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи е само прашање на време. Фудбалерот во текот на вчерашниот ден пристигна во Неапол, каде што ги помина медицинските прегледи и се очекува наскоро и официјално да биде промовиран како ново засилување на италијанскиот клуб. На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од неговата фотосесија во дресот на Наполи. Елмас претходно беше дел од клубот од 2019 до 2024 година, со кој го освои и Скудетото.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.