Елмас пристигна во Неапол и е пресреќен поради неговото враќање! (ВИДЕО)

August 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас пристигна во Неапол и е пресреќен поради неговото враќање! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доцна синоќа пристигна во Неапол, каде што денеска треба да ги заврши медицинските прегледи и да го финализира враќањето во Наполи. По една и пол година помината во Лајпциг, каде што не успеа целосно да се наметне, Елмас се враќа во клубот со кој го освои Скудетото и ја доживеа најубавата етапа во својата кариера. Според италијанските медиуми, станува збор за едногодишна позајмица со опција за целосен откуп на договорот. Изразот на лицето на македонскиот фудбалер при пристигнувањето во Неапол најдобро ја отсликува радоста од враќањето во средината каде што беше најсреќен и најуспешен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.