Елмас продолжува да гази: Постигна нов атрактивен гол (ВИДЕО)

March 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас продолжува да гази: Постигна нов атрактивен гол (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас продолжува со одличните настапи во дресот на Торино, откако попладнево постигна прекрасен гол против Парма на „Енио Тардини“. Во 19. минута од натпреварот, Елмас доби одлична топка од Касадеи и со прецизен удар ја испрати во мрежата на Сузуки, при што стативата дополнително помогна топката да заврши во голот. Ова не е прв пат Елмас да се запише во листата на стрелци, бидејќи во претходните натпревари ги совлада голманите на Монца и Болоња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.