May 24, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас викендов ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Торино за оваа сезона, а веднаш потоа ќе се отвори прашањето за неговата иднина. По неуспешниот престој во Бундеслигата, Елмас на зимскиот преоден рок пристигна во Торино како позајмен играч и токму таму повторно го пронајде својот препознатлив ритам. Неговите настапи беа импресивни, а под италијанското небо повторно блесна со креативност и борбеност. Во интервју за „Бетсон“, Елмас откри дека животот во Италија му одговара многу повеќе отколку во Германија. „Се чувствувам одлично во Торино, храната е прекрасна, луѓето се топли, а целокупната атмосфера е пријатна. Враќањето во Италија беше навистина прекрасно. Таму (во Германија) сè се затвора во 18 часот и улиците се празни, тука е сосема поинаку“, изјави Елмас. Тој истакна дека адаптацијата му била лесна, пред сè благодарение на поддршката од соиграчите и страствените навивачи на Торино. „Многу брзо се вклопив. Сите ме пречекаа со отворени срца, од соиграчите, до навивачите. Веднаш се почувствував како дома и запознав навистина прекрасни луѓе“, додава Елмас. Останува да се види дали Торино ќе ја искористи опцијата за откуп или Елмас ќе се врати во својот матичен клуб. Јасно е само едно – во Италија, повторно го гледаме вистинскиот Елиф Елмас.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |