Елмас среќен и насмеан пристигна во Италија за да потпише со Торино! (ВИДЕО)

January 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас среќен и насмеан пристигна во Италија за да потпише со Торино! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас слета во Милано, од каде што веднаш се упати кон Торино, каде ќе ги помине задолжителните медицински прегледи пред официјално да стане дел од новиот клуб. По пристигнувањето, Елмас накратко им се обрати на медиумите: „Подготвен сум да започнам. Поздрав до навивачите“, рече тој. На прашањето дали веќе остварил контакт со тренерот Паоло Ваноли, македонскиот фудбалер кусо одговори: „Сè уште не.“ Трансферот на Елмас ќе биде реализиран како позајмица до крајот на сезоната, со можност Торино целосно да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра. Сега останува само официјалната потврда и новиот почеток за Елмас во италијанската Серија А.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.