February 22, 2025 | | Свет
Торино славеше против Милан со 2-1 во натпревар од 26. коло во италијанската Серија А, нанесувајќи им го на „росонерите“ шестиот сезонски пораз. Нашиот Ељиф Елмас за првпат стартуваше во почетниот состав на домаќините и на теренот помина речиси еден час. Натпреварот започна со неверојатен автогол на гостите, откако Мајк Мењон и Малик Тиао не се разбраа најдобро. Голманот се обиде да расчисти, но ја погоди својата одбранбена линија, па топката заврши во мрежата на Милан, носејќи 1-0 за Торино. Милан реагираше веднаш и изврши силен притисок во обид да израмни. Најголемата шанса ја имаше Кристијан Пулишиќ во 32. минута, кога доби можност да изведе пенал, но Вања Милинковиќ-Савиќ го прочита неговиот удар и ја зачува предноста на својата екипа. На полувремето, Торино водеше со минимални 1-0. Во вториот дел, гостите продолжија со офанзивата, а нивниот притисок вроди со плод во 74. минута, кога Тијани Рајндерс со силен удар погоди за 1-1. Сепак, радоста на Милан беше краткотрајна – само две минути подоцна, Гвидас Гинеитис ја врати предноста на домаќините со гол за конечни 2-1. Со оваа победа, Торино се искачи на 11. место со 31 бод, додека Милан останува на седмата позиција со 41 бод, што претставува чекор назад во борбата за Лигата на шампионите. Головите погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |