Емери за случајот со Манчестер Сити: „Многу клубови ги пумпаат буџетите“

October 5, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Емери за случајот со Манчестер Сити: „Многу клубови ги пумпаат буџетите“

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, го коментираше случајот со Манчестер Сити и обвиненијата поврзани со финансиските правила во англискиот фудбал. „Многу клубови ги надувуваат своите буџети. Тоа им е познато на сите“, изјави Емери за „Diario de Sevilla“. Шпанскиот стратег објасни дека при составувањето на тимот клубовите мора да се придржуваат до ограничувањата поврзани со финансискиот фер-плеј. „За да изградите тим, мора да се справите со ограничувањата поврзани со финансискиот фер-плеј. Мора да ги балансирате финансиите помеѓу продажбите и новите засилувања. Сега е на судовите да го расчистат тоа“, додаде Емери. Сепак, тој истакна дека неговиот впечаток за Манчестер Сити не се темели само на финансиските прашања, туку и на она што тимот го прикажувал на теренот под водство на Пеп Гвардиола. „Она што мене ме засега е што луѓето зборуваат за тим кој играше извонредно со Пеп Гвардиола. Имаше периоди кога беа непобедливи“, порача Емери. Случајот со Манчестер Сити останува предмет на правни постапки, а конечниот исход треба да го дадат надлежните институции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.