Еми Мартинез е најдобар голман во изборот на ФИФА!

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Еми Мартинез е најдобар голман во изборот на ФИФА!

Емилијано Мартинез, голманот на селекцијата на Аргентина и чувар на мрежата на Астон Вила, е прогласен за најдобар голман за 2024 година според изборот на ФИФА. Мартинез ја доби оваа престижна награда благодарение на извонредните перформанси и се наметна како најдобар во својата позиција. Позади него останаа големи имиња како Алисон Бекер, Јасин Боно, Тибо Куртоа и Едерсон. Мартинез ова лето ја освои „Копа Америка“ со Аргентина, дојде и до место во Лигата на шампионите со Астон Вила.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.