Емоции и солзи: Ди Марија се врати дома во Росарио Централ (ВИДЕО)

July 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Емоции и солзи: Ди Марија се врати дома во Росарио Централ (ВИДЕО)

По две децении голема фудбалска кариера, Анхел ди Марија се врати таму каде што сè започна – во Росарио Централ, клубот од неговото детство. Овој потег долго се очекуваше и конечно стана реалност, предизвикувајќи еуфорија кај навивачите во Аргентина. По настапот со Бенфика на Светското клупско првенство, 37-годишниот крилен напаѓач дојде во родната земја, каде што веднаш беше претставен како ново засилување на Росарио Централ. На прес-конференцијата, Ди Марија не ги сокри емоциите – низ солзи изјави дека ова е еден од најважните моменти во неговиот живот. „Сонував за ова. Сакав да се вратам порано, но околностите не дозволија. Сега сум тука, со моето семејство, на стадионот каде што почна мојот пат. Конечно сум дома“, изјави Ди Марија, трогнат од пречекот. Со враќањето во Росарио, Ди Марија ја затвора една од највеличествените фудбалски приказни – кариера во која ги носеше дресовите на некои од најголемите клубови во светот: Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус, освојувајќи ги сите можни клупски и репрезентативни титули, вклучително и злато со Аргентина на Копа Америка и Светското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.