Емоции во Буенос Аирес: Меси за последен пат на домашен терен во дресот на Аргентина (ВИДЕО)

September 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Емоции во Буенос Аирес: Меси за последен пат на домашен терен во дресот на Аргентина (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион Аргентина ноќва ќе го одигра историскиот натпревар во квалификациите за Светското првенство против Венецуела во Буенос Аирес. Дуелот нема да биде запаметен по резултатското значење, туку по фактот дека Лионел Меси за последен пат ќе настапи за „гаучосите“ на домашен терен. Неговиот 193-ти настап во националниот дрес донесе огромна доза емоции уште на прес-конференцијата. Еден од новинарите го праша селекторот Лионел Скалони дали играњето со Меси, а потоа и тренирањето било најдоброто искуство во неговиот живот. „Да се дели теренот со него и сè друго беше неверојатно. Возбудливо е да се сподели момент како освојувањето на Светското првенство. Она што ќе се случи утре ќе донесе многу емоции. Ако тоа навистина е негов последен натпревар, ќе се погрижиме да има уште еден во нашата земја. Морате да уживате во тоа“, изјави Скалони. Сцената стана уште поемотивна кога новинарот кој го постави прашањето заплака, велејќи. „Ми ја пруживте најголемата радост во животот...“ Скалони не остана рамнодушен – и самиот се расплака пред присутните, што ја отслика големината на моментот кој ја потресе цела Аргентина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.