Емотивен момент за Роналдо: Овој гол е за мојот починат татко (ВИДЕО)

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Емотивен момент за Роналдо: Овој гол е за мојот починат татко (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо повторно беше стрелец во победата на Ал Наср во азиската Лига на шампиони. При прославувањето на голот, тој погледна кон небото, а подоцна рече дека е посветен на неговиот татко на кого му бил роденден. „Овој гол беше со поинаков вкус. Посакувам татко ми да беше жив бидејќи денеска е неговиот роденден“, рече Роналдо. На седум натпревари сезонава Португалецот постигна шест гола и има две асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.