May 24, 2025 | | Свет
Хрватската фудбалска икона, Лука Модриќ, го одигра својот последен натпревар на легендарниот „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид, во победата над Реал Сосиедад (2-0) во последното коло од Ла Лига. Пред крајот на натпреварот, Анчелоти реши да го замени Модриќ, овозможувајќи му да го добие заслужениот аплауз. Во тој момент, цел стадион стана на нозе. Илјадници навивачи го поздравија со громогласен аплауз, а играчите на двете екипи му формираа „шпалир на честа“, изразувајќи почит кон неговата величествена кариера. На аут-линијата го чекаа неговото семејство и најблиските, меѓу кои и неговиот долгогодишен партнер во средниот ред – Тони Крос. Иако долги минути храбро ги потиснуваше емоциите, на крајот, Модриќ не можеше да ги задржи солзите – скршен од емоции, заплака пред трибините кои 12 години го гледаа како создава магија на теренот. Со оваа сцена, Реал Мадрид се збогува со една од своите најголеми фудбалски легенди, оставајќи зад себе спомени кои вечно ќе живеат во срцата на „бернабеушката“ публика.
Modrić received a guard of honour from Real Madrid and Real Sociedad 👏pic.twitter.com/E6LXryGIdo
— Croatian Football (@CroatiaFooty) May 24, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |