Енцо донесе триумф за Челси против Тотенхем (ВИДЕО)

April 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Енцо донесе триумф за Челси против Тотенхем (ВИДЕО)

Челси оствари важна победа во лондонското дерби против Тотенхем, славејќи со минимални 1-0 на „Стемфорд Бриџ“ и враќајќи се на четвртото место во Премиер лигата. Мечот траеше повеќе од сто минути со судиското продолжение, а борбеноста на двата тима создаде вистинска драма на теренот. Клучниот момент се случи во 50. минута, кога Енцо Фернандес се најде во вистинско време и на вистинско место. Кол Палмер испрати прецизен центаршут од левата страна, а аргентинскиот ас со одличен удар со глава ја смести топката во мрежата на Тотенхем. Двата тима постигнаа уште по еден гол до крајот, но и Каиседо и Папе Сар останаа без радост – првиот погодок беше поништен поради офсајд, додека вториот беше поништен поради претходно досуден фаул. На крајот, Челси излезе како победник во оваа жестока пресметка, оставајќи ги ривалите без бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.