Енди Керол има плата од 3.500 евра во Бордо: „Не е се во парите, среќен сум кога играм фудбал“

September 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Енди Керол има плата од 3.500 евра во Бордо: „Не е се во парите, среќен сум кога играм фудбал“

Енди Керол своевремено се сметаше за еден од најголемите таленти од кого во Англија се очекуваше многу, особено во Ливерпул. Тој во септември одлучи да потпише за Бордо кој поради банкрот претходно беше исфрлен во четвртата француска лига. Моментално во Бордо заработува 3.500 евра месечно, минималната плата која се добива според правилата. „Да бидам искрен, скапо ме чини играњето на Бордо. Сакам да бидам дел од клупската историја. Не е се во парите. Во мојата кариера никогаш не се вртеше се околу парите. На крај не е важно во која лига играте, важно е да ја оствариме целта за оваа сезона. Се работи за голем клуб и ќе направиме се за да го вратиме таму каде што припаѓа“, рече Керол. На првиот натпревар за новиот клуб Англичанецот успеа да постигне два гола и да го спаси својот тим од пораз. „Искрено, ова е фантастично. Навивачите се неверојатни. Губевме 2-0, а тие ни помогнаа да израмниме. Уживав во постигнувањето на головите. Беше прекрасно чувство“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.