Ендрик го ,,шутна’’ противникот, ама доби само жолт картон! (ВИДЕО)

September 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ендрик го ,,шутна’’ противникот, ама доби само жолт картон! (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа да слави против Алавес со 3:2 откако малку фалеше да направат од готово вересија бидејќи при резултат 3:0 противникот постигна два брзи гола, но трите бодаа останаа кај домаќинот. На натпреварот имаше една контроверзна ситуација во која можеше да настрада Ендрик. Младиот Бразилец во еден момент збесна и реши да го клоцне противникот за што доби само жолт картон. Зачудувачки, но немаше никаква реакција од ВАР собата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.