July 11, 2025 | | Свет
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, останува во Турција, но во нов клуб. Како што пренесуваат турските медиуми, тој ќе го облече дресот на Коњаспор. Зделката е веќе договорена, а Барди доаѓа како слободен играч, откако го напушти Бодрум. Според информациите, неговата годишна плата ќе изнесува меѓу 600.000 и 700.000 евра, но со бонусот за потпис вкупните примања ќе се доближат до еден милион евра. Се очекува Барди во петок да пристигне во Коња и официјално да биде претставен како ново засилување на клубот. Интерес за него Коњаспор покажуваше уште на полусезоната, но тогаш Бодрум успеа прв да го доведе македонскиот репрезентативец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |