September 30, 2024 | | Свет
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике реши да не го повика Усман Дембеле за дуелот против Арсенал. Тој ги прекршил тимските правила, односно е отстранет поради дисциплински мерки. „Ако некој на сериозен начин не ги исполнува обврските кои ги има кон тимот, за мене тоа значи дека не е подготвен за игра. Во една недела која е многу важна за нас, потребни ми се играчи кои се фокусирани и посветени. Ако некој не ги исполнува очекувањата, тогаш нема да оди со нас. Вчера морав да донесам тешка одлука за Дембеле, но таа е најдобра за тимот. Би го направил уште 100 пати во иднина. Тоа не значи дека мојата одлука е неотповиклива, но јас дојдов тука за да направам тим и група. Дембеле ќе остане дел од тимот. Немаше лоша дискусија меѓу мене и него, нема проблем меѓу играчот и тренерот. Има проблем со неговите обврски кои ги има кон тим, но потоа се коригира за пет минути. Овојпат решив да не патува со нас“, рече Енрике.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |