February 6, 2025 | | Свет
Пред утрешното дерби против Монако, тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека тимот сега изгледа подобро и во нападот и во одбраната, и покрај заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид минатата година. „Минатата сезона бев храбар кога реков дека ќе имаме уште подобар тим, а статистиката тоа и го потврдува. Играчите го прифатија предизвикот да покажат дека можат да успеат и без него. Секако, сите го сакавме Килијан во тимот, но тимот реагираше перфектно,“ истакна Енрике. Францускиот напаѓач, кој помина седум години во Париз и постигна над 170 голови во Лига 1, во јуни минатата година одлучи да се пресели во шпанскиот гигант. „Сакав неколку играчи кои ќе постигнуваат многу голови, наместо еден што ќе даде 40. Иако ова беше непосакувана ситуација, тимот ја покажа својата зрелост,“ додаде тренерот на ПСЖ. По 20 одиграни кола, актуелниот шампион ПСЖ е единствениот непоразен тим во најсилните пет европски лиги, со 10 бодови предност пред Олимпик Марсеј и 13 пред Монако.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |