Енрике со едно големо изненадување, се врати клучниот играч на Артета во стартната постава (Фото)

May 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Енрике со едно големо изненадување, се врати клучниот играч на Артета во стартната постава (Фото)

Иако Луис Енрике најавуваше дека Усман Дембеле успешно ги одработил сите тренинзи и дека ќе биде дел од почетниот состав на реваншот против Арсенал, сепак, настана промена во последен момент. Францускиот офанзивец не се најде во стартните 11, туку натпреварот го започна од клупата. Очигледно, стратегот на ПСЖ не сакаше да ризикува со неговото здравје и одлучи да го зачува за второто полувреме. Наместо Дембеле, стартна шанса доби младиот Бредли Баркола, кој ќе се обиде да ја искористи приликата на големата сцена. Останатите 10 играчи во тимот на „светците“ се идентични со оние кои го започнаа првиот натпревар на „Емирејтс“, што сведочи за довербата на Енрике во тој состав. Слична е ситуацијата и кај Арсенал. Микел Артета направи една клучна промена — во екипата се враќа Томас Парти, кој ја пропушти првата средба поради суспензија. Неговото присуство во средниот ред ќе внесе стабилност и искуство, а тоа значи дека Микел Мерино повторно ќе дејствува во улога на лажна деветка. Почетни состави: ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш, Жоао Невеш, Витиња, Фабијан Руиз, Баркола, Кварацхелија, Дуе. Арсенал: Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Томас Парти, Одегард, Рајс, Сака, Мартинели, Мерино.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.