По триумфот во Лигата на шампионите, Лу..." /> Енрике: Веднаш Златната топка дајте му ја на Дембеле само поради дефанзивата која ја одигра – Статива

Енрике: Веднаш Златната топка дајте му ја на Дембеле само поради дефанзивата која ја одигра

June 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Енрике: Веднаш Златната топка дајте му ја на Дембеле само поради дефанзивата која ја одигра

По триумфот во Лигата на шампионите, Луис Енрике не штедеше пофалби за Усман Дембеле.

„Дембеле е мојата Златна топка, немам сомнеж во тоа“. Тренерот на ПСЖ особено беше импресиониран од неговата игра во финалето. „Начинот на кој се бранеше, само поради тоа ја заслужува Златната топка. Ова е начинот на кој го предводите тимот со голови, титули, лидерство, одбрана, како тој врши пресинг…“ За разлика од Килијан Мбапе, на кого минатата сезона му беше посочено дека мора да обрнува повеќе внимание на дефанзивата, Дембеле совршено ги разбра барањата на Енрике. Токму неговата дисциплина и разбирање на тактиката беа една од клучните работи во историскиот успех на ПСЖ оваа сезона. Усман Дембеле дефинитивно заслужено се најде меѓу водечките имиња во трката за Златната топка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.