February 17, 2025 | | Свет
Ентони конечно го пронајде своето вистинско издание во Бетис! По критиките за настапите во Манчестер Јунајтед, бразилското крило сега блеска во Ла Лига, освојува признанија и постигнува спектакуларни голови. Три настапи во шпанското првенство, три пати прогласен за играч на натпреварот – тоа е сериозно враќање во форма. На позајмица во Бетис веќе три недели, Ентони продолжува да импресионира. Во својот четврти натпревар за клубот, тој повторно беше во центарот на вниманието. Претходно, беше играч на мечот против Атлетик Билбао и Селта, а во вториот дуел успеа и да постигне гол. Во Конференциската лига, против Гент, ја потресе мрежата во победата од 3-0, а само три дена подоцна повторно се запиша во листата на стрелци, овојпат против Реал Сосиедад, во уште еден триумф од 3-0. „Марка“ го пофали Бразилецот, нагласувајќи дека топката одбиена на работ на шеснаесетникот стигнала до него, а тој со маестрален волеј со надворешниот дел од стапалото ја испратил во мрежата. „Трет гол во четири натпревари за талентираниот левоног фудбалер, кој целосно оживеа во Бетис“, пишуваше шпанскиот медиум, додавајќи дека Ентони не застанал тука, туку до крајот на мечот и асистирал за последниот погодок на својот тим.
Three LALIGA matches, three match MVP awards for Antony ✨ Incredible 👏 pic.twitter.com/7vxTyfUGir
— ESPN FC (@ESPNFC) February 16, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |