July 1, 2024 | | Свет
Денес на програмата се нови два натпревари од осминафиналето на Европското првенство. Едниот дуел е меѓу Франција и Белгија, другиот меѓу Португалија и Словенија. 18:00 Франција-Белгија Франција досега не го покажа тоа што се очекуваше од неа бидејќи знаат и можат многу повеќе со ваков тим и со искуството кое го имаат стекнато. Франција пред почетокот на Европското беше најавена како еден од главните фаворити за освојување на титулата. Но, таа забележа само една победа во групата и постигна само два гола. Во победата против Австрија, беше постигнат автогол а вториот гол на Франција во групата го постигна од пенал. Белгија пак, беше во група каде сите четири селекции имаа по четири бода, а на хартија Белгијците беа апсолутни фаворити. Сепак, почнаа со пораз од Словачка, па ја совладаа Романија пред да ремизираат со Украина во последното коло и да завршат на второто место. Она што особено ги налути навивачите е однесувањето на белгиските фудбалери во последните минути од третото коло против Украина каде украдоа време и го задржаа резултатот без никаков обид да одат на гол, победа и прво место во групата. 21:00 Португалија-Словенија Португалците во овој меч влегуваат како фаворити, но Словенија секако може да и направи проблеми на Португалија со својата цврстина и солидна игра. На крајот на краиштата, го видовме примерот на Словачка, која игра во основа слично, како ја држат Англија под контрола и губат само во продолженијата. Покрај тоа, Словенија успеа да ремизира и со Англија. Португалија игра побрзо од Англија, технички е помоќна и поквалитетна, но Словенците ја имаат таа дисциплина во играта, физички се една од најдобро подготвените селекции на првенството и токму тоа може да и создаде проблеми на Португалија. Португалија ќе мора да биде трпелива и да ја бара својата шанса, да работи напорно во поседот и да биде многу внимателна кога ќе започне словенечката транзиција. Бенџамин Шешко се уште не проработи, но можеби ова е вистинскиот меч за неговото деби на големата сцена. Таа дисциплина на Словенците ќе треба да биде особено изразена во текот на сите 90 минути, Португалија е многу квалитетна и способна да ја казни секоја грешка. Имаат многу брзи и квалитетни играчи кои во секој момент можат да го искористат и најмалото парче слободен простор и да го натераат Облак да страда.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |