ЕП денес: Италија со сериозен тест против Швајцарија, Германија во предност пред Данска

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ЕП денес: Италија со сериозен тест против Швајцарија, Германија во предност пред Данска

Денеска започнува нокаут фазата од Европското првенство кое се одржува во Германија, а на програмата денес имаме два дуели. Бранителот на титулата Италија ќе ги одмери силите со незгодната Швајцарија, а Германија ќе го има својот вистински тест и ќе се соочи со Данска. Швајцарија – Италија, 18 часот Италија како втора заврши во својата група каде со гол во последните минути го загарантира второто место. Одиграа доволно против Албанија, се мачеа против Шпанија и Хрватска. Од друга страна, Швајцарија се чини дека покажа повеќе од Италија досега каде ја совладаа Унгарија, одиграа 1-1 против Шкотска, а одиграа и нерешено со Германија во натпревар каде покажаа цврстина. Во редовите на Италија суспендиран е Калафиори, а кај Швајцарците Видмер. Натпреварот ќе го суди Марчињак и истиот ќе се одигра на Олимпиастадион во Берлин. Германија – Данска, 21 часот Домаќинот Германија досега покажа многу на ова Европско и со право се сметаат за едни од фаворитите. Ја прегазија Шкотска, одиграа доволно против Унгарија, а некако се спасија од пораз од Швајцарија. Како лидери со седум бода ја поминаа групата пред Швајцарија. Од друга страна пак Данска, одигра дури три нерешени натпревари во групната фаза а тоа беше доволно за да бидат во нокаут фазата. Данска е незгоден тим, иако се чини дека тешко во моментов да и парираат на Германија. Во редовите на Германија суспендиран е стоперот Та, а кај Данска Хјулманд. Натпреварот се игра на Сигнал Идуна Парк во Дортмунд, а судија ќе биде Мајкл Оливер.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.